совесен прид.

совесен (прид.)

А што се однесува до совеста на Рајна, можам да потврдам дека таа беше повеќе од совесна додека ја играше својата игра, а беше и сосема свесна за она што го прави.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пресметала точно во седум да влезе в канцеларија. Совесен службеник. Нема што.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој совесен чувар на денот го прибра сјајот на златото, и ја заклуча портата на светлината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И, најверојатно, многу совесни жители залудно ги дале своите животи за да го излекуваат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)