собор (м.)
Кај Милева ми врвеше, орман ми се одзиваше.` За забележуење е дека младината предничи во воспевуењето на доскорешната борба и луѓето што таа ги исфрли од народните недра на згорнина. На собори, на работа, во домоите на културата, на празници средсело - младинците колективно создаваат нови песни.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Селото се прогледа како тепсија и Османлиите можеа да видат како од секоја куќа излегува густ дим од оџаците, а на сред село голем собор од луѓе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Оттогаш наваму соборите во манастирот престанале, зашто луѓето се плашеле од грчките жандари кои се заканувале сѐ живо да испоколат.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
И собор ќе има.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Еве го кнезот, и целиот собор ќе ја догледа неговата слава, и џарот е помеѓу нив. Потпис: Цар Соломон, 909.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Еве го кнезот, и целиот собор ќе ја догледа неговата слава, и џарот е помеѓу нив. Потпис: Цар Соломон 909.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Петре Бакевски Петтиот христијански собор, 553, во Константинопол, го осудил и му фрлил анатема на Македониј, монах од Лихнида, поради самогласките во неговите зборови кои испуштале долги воздишки.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Настојувале за унија со Рим. За тоа требало да реши некој екуменски собор.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)