соблече (св.)
Мртовецот таа го соблече... Крвави порој, лута и не една рана ...
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
— Ајде, доста, собувај се и јас да се соблеча, та да си легниме!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од умрен соблечени па јас да и носа — господ да чуа! — одговараше Стана Дојкова.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога слушна Илко оти Доста рече „да се соблеча за легнување", срцето му се разигра.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Некој му го соблекол шијачното палто и му го преврзал рамото со ракавот, скинат од неговата кошула.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- И секогаш гола сте ја соблакале, секогаш, секогаш... Така ли е? - Така е, секогаш. - Гола? - Гола!
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гледаше низ врелината на клепките: агентот го соблече полека своето палто и ги откопча ракавите на кошулата.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Соблечете се голи И облечете го дрвјево Долу, во оваа црна утроба, топло е.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
За миг на осудениците им ги распараа алиштата со јатаганите, ги соблекоа и ги грабнаа по двајца јаки сејмени и дренкокош – едниот за глава другиот за нозе ги качија и ги бапнаа врз разгорениот оган.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не миејќи се, се соблече и се искраде од собата во која среќните љубовници спиеја со залепени грбови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ја чекам да се соблече, да руча, па да се одмори, како секој ден, но таа само се соблече и продолжи да се вртка околу мене. Сигурно ѝ е тешко, си мислам, да ми каже дека добила единица.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Шишман се распаша, го соблече палтото.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Потоа стави во него малку ракија од буренцето во аголот и, седејќи крај огништето, се соблече до половина и колку што можеше побрзо, и колку што можеше поубаво се намачка со ракијата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди“.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Проклет срам. Ако сакаш да ја соблечеш, треба првин да ја убиеш, велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Му ја соблече кошулката, му го потсече папочето и му го подврза со конче.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ми ја соблекоа униформата и почнаа да ме викаат смрдлив славофон.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
- Оној што го соблекол кога го тепал ќе знае каква дупка затнал со неговата мантија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Го намердале и му ја соблекле мантијата“, рече Никифор Ганевски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)