сноштен прид.

сноштен (прид.)

Го зеде тезгерето, еднаш, двапати со мала Ѓурѓа, го исфрлија на буништето на малата врата и се врати, та ги изми сношните ваганки, паници, лажици и тепции и ги нареди во вратките и полицата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гората, окапена од сношниот дождец, примамливо мирисаше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Па и Стојна, (бидејќи е најблизу), и моето колебливо однесување; бев нели решил дека е крајно време сосема да ја заборавам, па сепак, при случајните пребарувања низ тој недорасчистен полигон на крвавите чувствени пресметки, каква што беше и онаа сношната, се случуваше неочекувано да истрча лично таа и тоа облечена во онаа нејзина кожа од далечната младост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ваквите среќавања, како сношното, само ја потсилуваат таа тревога.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Заборавен во огледалото стои и чека (Како шапката во гардеробата по сношната претстава) Па кој е тогаш другион , на прагон, пред патеката Која негде далеку наеднаш исчезнува како конец во довезен гоблен?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)