снеможува несв.

снеможува (несв.)

Доаѓаа лекари, му даваа инјекции од кои му доаѓаше сон на очи и целата снага му снеможуваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тагуваше отец Стефан како и секој завидливец при средбата со поголеми од него, не забележувајќи дека им е рамен; снеможуваше кога ќе видеше на себе рамни, сакајќи предност и власт над нив; се тресеше од страв при погледот на помалите од него духом, плашејќи се да не се израмнат со него, и дури, да не го надминат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Снеможувам на место. Непознатиот ме настигнува сѐ повеќе, неговата сенка само што не паднала врз мене, но во судниот час наеднаш престанува да ме гони, застанува во еден агол, стои покрај ѕидот и долго, долго мокри...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)