снежен (прид.)
Како огромен шарен килим долу се простираше полето и искапено во утринската роса се преливаше во златото на узреаните оризови класја, во зеленилата на тутуновите стеблинки, а тек-тук се белееја и снежните пахулки на памукот што избиваше низ распуканите чушки.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Неколку бесни удари на ветрот, неколку снежни виори - и нивната трага ќе биде скриена.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
До година, штом јакиот студ ќе ја запре палавата лапавица и штом по соголените гранки јануари ќе го обележи својот пат со остри кристали од мраз, на ајдучката глутница ќе ѝ се придружат уште четири млади волци, ќе вијат по снежната пустелија, и кога ќе навлезат в трло, ќе ги исколат овците и со замрзната крв на своите муцки ќе се нурнат во маглите на планината.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ретките снежни ѕвезди повеќе висеа во воздух, отколку што ја сосипува земјата, а и кога ќе паднеа, таа, тврда и презаситена, ни ги држеше, ни ги впиваше; нивната влага просто како да испаруваше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И тој им одговори, фрлајќи по нив со снежни топки.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Најпосле еве ги белите снежни покриви од високите градски куќи, еве ги осветлените прозорци, еве ги и црните оџаци низ кои избива дим и пријатна топлина.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тој јадеше на брзина, зашто беше нестрплив да стаса пред училиштето, каде сега веќе беа насобрани многу деца и сигурно веќе водеа жестока снежна битка.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Никогаш нема да ја заборавам; првин, ноќта како да распукна пред острината на пиринскиот врв, потоа пак сѐ поцрне, за да се искапе, малку потоа, снежниот врв во белината што почна да паѓа низ него, како превез низ снагата од мома.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Беа сретнати, со тој мал снежен простор меѓу себе, сковани меѓу тие стебла, со сета морничавост, што се точеше од очите на волкот и просто како да му полазуваше по секоја црта од неговото лице.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беа тројца селани и го цепеа високиот наврнат снег, оставајќи зад себе една длабока бразда, во која стапалките едвај се распознаваа; не многу далеку зад нив врнежот веќе почнуваше да ја зарамнува таа нивна трага, но тој ниеднаш не ја скуси нејзината змијолика издолженост низ длабоко притулената снежна шума, бидејќи за тоа време тие веќе имаа пробиено уште толку во матната белина напред.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Одминуваа, нишкајќи се неизгубени, низ тоа снежно море. Дишеа од развиорените снежинки пред своите лица.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Седна крај прозорецот, го зеде моливчето и ја напиша оваа песничка за топлата снежна покривка: Од небото зимско цел ден само снежи, под покривка бела родно поле лежи.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А дедо Стамен, кој презимил многу зими, и снежни и суви, кој жнеел многу жетви и добри и лоши, одговори: - Снегот ги штити житата од мразевите.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Надвор сѐ беше бело, покриено со дебела снежна покривка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Под таа дебела снежна покривка и поточето веќе не постоеше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Фрлањето на лопатата беше непромислена постапка, зашто во оваа снежна пустина дрвената лопата му беше добар сојузник, па се стрча и забавта преку дебелиот снежен ѕид, што го беше изградил, расчистувајќи го патчето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Набргу се слеа со темната, снежна зимска ноќ.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во тој снежен потоп луѓето најмногу се плашеа од смртта и се плашеа да не им се затрупаат и оџаците со снег па да се задушат, да не може чадот да излегува, да не може воздухот да влезе; кога ќе им се вдадеше, ќе подизлезеа надвор и ќе го исчистеа снегот што ги затвораше прозорците за да влезе во куќата светлина и воздух.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Како што се топеше снегот, така се откриваа и морничавите глетки: камбаната биеше непрестајно, а попот Матлија ги читаше молитвите набрзина за да можат што побргу да се погребат мртвите.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Само крајезерските куќи, оние што беа цапнати во езерото, беа ослободени од ова снежно заточение.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)