смурти св.

смурти (св.)

- Ама не, - рече Претседателот. И, место да се навреди, место да се смурти, тој се поднасмевнуваше бледо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Се знае, - шепна Митре и ги смурти веѓите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По тоа Вадим потполно се смурти; лекарите му припишаа шизофренија; но тој одеднаш едноставно затапе за математика; тоа го беше притиснало како вошка; дури почна да плаче, се сеќаваше на своите „халуцинации“, се обидуваше да предложи нешто корисно, но испаѓаше немоќен, како некакво учениче.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Логотетот сосема се смурти, тропна со ногата пред престолот и рече: „Веднаш да се свика советот! И пред мене да се изведе дрзникот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Брат ми се смурти и бесно ме погледна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се смурти прво, облак ги надви нејзините густи чатма веѓи, носот ѝ се издолжи уште толку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во миг се смурти нејзиното чело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)