смрдеа (ж.)
Синот од срам сакал да се направи дека не пуши, но стариот вака го поклопил: - Запали кога веќе си почнал да ја смрдиш таа смрдеа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но изгледа ти не ја чувствуваш таа смрдеа, та ме кандисуваш и мене да се потурчам за да бидам пак јас две-три години негова.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ќе ја трпиш ли довек смрдеата што се испарува од него?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Смрдеата ги гонеше. Сѐ беше оставено на неколку луѓе коишто, исто така, не погледнуваа што се случуваше во ќелиите. Глигор можеше да започне.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Да, тоа беше тој, неговиот мршар, неговата парталава сенка и неговиот придружник, со сета своја мршарска смрдеа, веднаш под него така, за тој, ако се отпушти од меѓу своите две ветки, да му падне право во забите; - една дивинка, проклета и прогонета и од своите и го продолжуваше своето вечно кобење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеби се обидуваше да го замисли тој град, со тие миризби и смрдеи, но тешко можеше тоа, зашто никогаш и не беше пошол во вистински град, во таков град каков што го кажуваше Кирил.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се скинаа жилите од Мисирлиовите раце и тој падна онесвестен врз лопатата жар и курешниците, чија смрдеа му го размати мозокот и изгуби свест.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Маса Ќулумоска вели дека за голема болест, треба уште поголема смрдеа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И се рече да се капиме во Црна Река, да се позачистиме од земја, од смрдеа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Огнот догорува, спласнува, ама смрдеата останува во селото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пандо сврте глава кон реката, каде што жените переа волна, и рече полека: - Ајде, Нумо, да си одиме зашто тука остана смрдеа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не ни пречи ни смрдеа, ни гнасотија, на сѐ си можел да се навикнеш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дали смрдеата ми дојде од ногата или од здивот, од душата моја?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Затвори го прозорецот, од смрдеа не се умира!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Или со смрдеата од некое соседно буниште со ѓубре што прегорува или од некоја септичка јама што ја отвориле заради чистење.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А пред вратите имало купишта козји измет. Се ширела силна смрдеа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Под мостот смрдеата го беше вознемирила целиот животински свет од соседството.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Смрдеата на испуштени гасови се ширеше низ тесниот лифт.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Низ нивните нечисти подвижни врати, кои постојано се отвораа и затвораа, допираше смрдеа на урина, на дрвесина и на кисело пиво.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тие беа нешто за што беше делумно свесен, нешто што му се метка покрај самото лице, смрдеа што упорно му стоеше во ноздрите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)