смота св.

смота (св.)

Елена брзо ги „смота“ јаготките и почна да му помага на татка си да го среди шаторот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кој ли конец во кое клопче тогаш ќе се смота?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Подобро гледај ме како го работам ова, можеби нешто ќе научиш, хахахаха! Смотан! 142 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Само што стигнале долу, Никола здогледал шаторско крило и како што подоцна рапортираше чичко ми Борис, ја исправил главата горе за да го смота, тогаш го погодил куршум в глава.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ајде некако да му помогнеме, да го запознаеме подобро со неа, оти Мартин е срамежлив, да не речам – смотан.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Па така е и во песничката: да не е смотан, нема да е постојано в ќоше!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А татко ти, онака смотан, навистина не знаеше ни честито да се насмее иако убаво ги беше сфатил зборовите на дед Павел; само прогрофта нешто, промолви, изломоти, но зборовите не ги пушти да заживеат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ти да немаш некој Тоше во Iб?“ ја праша. „Си погодил: еден е Тоше, еден е Тодорче, а еден е Тоце! Ама тројцата се многу смотани!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Правосмукалка Смотан влекач со глава на кобра и со апетит на питон, ги меле остатоците од нашето распаѓање со желудник на морско куче.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Змијата се смота во јазол во кој беа фатени двајцата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)