смог (м.)

Не е оној познат стаклен сад во кој песокот се преточува туку нешто како мало бронзено тавче полно со смог од кое тој се крева во прамен гас, согорува и исчезнува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Смогот од тавчето сѐ повеќе испарува и, испарувајќи, согорува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Не брзајте! Полека! Со темпо! Воздухот е студен, има и магла и смог.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Е, дури сега ја разбрав карикатурата на Пецко: искачен со синот на врв Водно, а под нив градот во смог.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во летните горештини претставува место за освежување, а зиме - кога има магла и смог - велат - Водно е воздушна бања. Погоре се и две детски одморалишта.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тоа беше првиот автомобил што тоа утро беше ставен во погон во Скопје, но наскоро бучава од експлозии во мотори зачести под густиот смог.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Смогот легнат до земјата со целата своја густина беше напластен се до училиштето „Кочо Рацин“ над коешто се наоѓаше неговиот дом.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот со изненаденост забележува или има чувство дека масата неподвижен смог почнува одвнатре, од длабочината или од дното да се раздвижува, да се буди од својата налегнатост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Железничка станица Скопје. Декемвриска вечер 1984 година местимично густа магла смог и препорака да не се патува освен во крајна нужда.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Поглед кон светот бездушен и лебот на маса насушен во градот со смог задушен видов пилиштар напушен
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)