смислува несв.
смислување ср.

смислува (несв.)

Сѐ смислуваа нешто да му напакостат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мартин знаеше кој му го прави тоа и смислуваше од страшни пострашни планови да им одмазди, но и кон деда си не беше рамнодушен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Можеби едниот од нив смислува најпеколни маки за бездушните келнери. Можеби и не.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И знаеше: алкохолот под неговото теме смислува чемер за секого што може нему да му биде чемер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Иванов, за мене, веќе смислува нов Ѓорче Петров, го именува веројатно Димо Хаџи Димов или кој знае како, и се готви, веќе утре, да ми го порача мртов, со истата закана - ... дека ако не отиде главата на тој нов Ѓорче, ќе отиде - мојата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас смислував сешто. Да ја врзам сенката за Карамба-Барамба, дури и да ја сошијам со игла и конец за неговите петици.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
По цел ден одеше од соба в соба, како ѕвер затворен в кафез и смислуваше начин како да ги собере маслинките.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Методија и братучедите го следеја молчејќи зашто знаеја дека смислува што ќе рече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа златна пара му ги подгреа мечтите на Бојан, па често се скиташе по тоа место, што го нарекоа Селиште, и смислуваше разни цареви, царици, дворјани, замислуваше разни војски и битки водени по овие места.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секој час двајцата смислуваа нови различии комбинации но секогаш планот одвај успеваше да се одлепи од почетокот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
18. ЈА ВРЗАВМЕ РАБОТАТА СО БУБАЌЕРЕН КОНЕЦ - дејгиди лесен товар со прспите носен, овдека ти се дава да смислуваш што не додека и бубаќот не го изусукаш сосем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ќе се вратат од негде, а веќе смислуваат ново патување...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А Мира планови разни смислува и везден крои: што ли, што да направи таа со парите заштедени свои?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Смислував пеколни планови за својата иднина, утешувајќи се на тој начин.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Умрел ли туѓинецот во тој Онисифор Мечкојад, испарило ли од неговата крв сеништето со дамари на неспокојство и поттикнувач на бес и самоволност? Не, можеби тој нешто смислувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа било јасно и било јасно: многуте советници со висок ајлук и вечни гости на беговиот мудбак можеле да им смислуваат одмазда на непокорниците од Кукулино; тие исти советници еднаш веќе сториле да загине од безмилосни пушки измирецот и милосникот на убавината Селџик-бег заради споулавеното јунаштво да ги зема под заштита копуците и залангугурите од најкраставите крстени села во Скопската Котлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се восхитувам од убавината што ја гледам и смислувајќи метафора не можам да најдам друг збор освен да речам дека е рајска.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тавел, не пишуваше класични сценарија, туку смислуваше ситуации кои ќе предизвикаат инцидент, односно предтекст којшто на протагонистите ќе им даде само­доверба и истовремено простор за импровизација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќето од тамошните типови беа кул - и освен вообичаените шеги и хистеричната насмевка ништо не се случуваше - но Ингрид Суперстар постојано одеше пред огледалото, го прекриваше лицето со рацете и почнуваше да халуцинира, и тогаш потполно откачуваше и почнуваше да плаче и да зборува „толку сум грозна”, и тогаш сите ги вадеа своите курови и зборуваа од стомак, за да изгледа дека не зборуваат тие туку знааете веќе кој, и тогаш ја тераа да зборува со „нив” - тоа секогаш ѝ го поправаше расположението - но тоа ѝ го привлекуваше вниманието само неколку моменти и тогаш мораа да смислуваат нешто ново - изгледаа како куп очајни бебиситери кои безуспешно се обидуваа да го утешат расплаканото дете.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Смислуваат приказни. Сакаат да нѐ соблазнат со своите убаво стокмени измислици.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе