смили (св.)
Потоа човекољубецот Бог, којшто го стори и не го остави човечкиот род без разум, туку сите луѓе ги доведува до разум и спасение, се смили на човековиот род, па им го испрати Св. Константина Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж, кој им приготви 38 букви, едно по образ на грчката азбука, а други според словенскиот јазик.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
По неколку дни му се смилило на Силјана да појде кај трлото да си ги види јагнињата, чунки тогај се јагнеле.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Му се смилило на Силјана да појде и тој на нива за да го гледа татка си како ќе ора.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
За Силјана и напре немало работа и сега немало, при сѐ што сега му се смилила работата и куќата; арно ама требало да си ја трга џезата што го колнале татко му и мајка му.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
И свршеник тука ним ќе им се смили.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Веќе господ златен ако сака. Тој да се смили за нас!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Калуѓерот го изгледа, но небаре не го гледа, намерно не му обрна внимание на Турчинот и, вртејќи му го грбот, почна да им објаснува како оваа црква се градела уште при живот на кралот Волкашин, а ја завршил неговиот син Крале Марко, нашиот јунак и чело на рисјаните, рече, кој ни загина, господ да му ја смили душата, пред едно стотина години таму на север.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Девојката пак залипа, но стариот не мислеше да се смили, ами некаков бес го тераше да премине веднаш кон дејство.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кој не би се смилил пред изгледот на Пискулиева, штом дури и дедо Иван не можеше да остане рамнодушен.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)