смешка ж.
смешка несв.

смешка (несв.)

Двајцата побратими задоволно се смешкаа, пушеа и пиеја кафе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој пакосно се смешкаше и уште од далеку ѝ рече: - Не плаши се, невесто!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Истата вечер Луман, изненадно, дојде кај деда Бошка. Влезе смешкајќи се.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Прислужникот стоеше и се смешкаше на прагот како да не му се сакаше да си појде. Арсо за првпат го гледа ваков.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Скокнува од креветот, стои исправен во недоумица и виновно се смешка на себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Човекот се смешка зајадливо и кисело, потоа се мати и распливнува во сивкава замреженост и пак е јасен и жолчен (чувството дека го загледуваат). Тој е во него, но тој не е друг туку Етхем-паша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Излегуваше последен од колата и пред него сите се потргнаа, правејќи му место и смешкајќи се кон него, а селаните, гледајќи го тој почит, се веднуваа и се оддалечуваа мрморејќи по нешто под мустаќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ха, ха, - рече Претседателот. А Змејко мислеше: кога си ваков, без ниедна трошка сигурност, и кога неа си ја загубил толку евтино, како овој тука, тогаш не ти останува ништо друго, освен да ги повторуваш зборовите на другите, да ги повторуваш нивните движења, да чекориш како што чекорат тие и да се смешкаш вака проклето изгубено, а смеата да ти е сѐ друго само не смеа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мајка му се смешкаше, но кога еднаш наѕирна во садот во кој ги чуваше колачињата, виде дека се тие преполовени.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
ЛЕНА: (Задоволно се смешка.) Имате ли мајка?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Лето. Сонцето застанато над црквата, Мајка му везе кошулка со распејани цветчиња, Тоа мавта со голите рачиња,се смешка, Гледа во сонот: две светулки го водат за раце и на бело ждребе го качуваат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Беше ангелосан, необично, тивко, среќно се смешкаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Милиционерот се смешкаше, дедо, ми исто така, но беше малку поблед одошто е вообичаено и изгледаше многу уморен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се смешка несигурно, со напрегнати нерви на бегалка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Висока - се извишуваше над сите. Раскажуваше нешто и чудесно се смешкаше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Си се смешкам и си велам: - Море убаво си молчиме ние интелектуалците, си велам и се плашам дури и да си ја чујам сопствената мисла.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Додека татко ми му читаше што нашле археолозите за староста на Калето, Чанга недоверливо се смешкаше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека сонцето изгреваше ќе го потчукнеше со тупаницата одстрана камионот, а возачот, смешкајќи се му возвраќаше со едно „здраво“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Може ли да влезам?“ Докторот се смешкаше на прагот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Велат дека сте писател... - се смешка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе