сметнува (несв.)
Се стрчав и јас натаму, кога гледам врволица луѓе собрани околу двајца што сметнуваа обесен од едно дрво.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Што правиш, мори несреќо, викам, и ја фаќам за рамена, ја сметнувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го сметнувам од рамо и го легнувам на земи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Умрениот го сметнуваат, го запретуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се надвиснала над мене, ко исправена змија и не ги сметнува очите од мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Полицајците ги сметнуваат автоматите: нѐ бранат и на едното и на другото крило.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)