сметне (св.)
Штом сама остана, шамијата ја сметна в трепет и пушти веднаш жален вик.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
ИВАН: Не мислиш дека имале смелост да го пречекаат возот, да го сметнат од воз и...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Тој ме чу, дојде и ме сметна. Ми ги затвори очите да не гледам и ме изнесе од дворот.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Или барем да успееш од некаде од подалеку да ги видиш малку поинакви, да го подзаборавиш сето она за нив, да го сметнеш тоа за нив и да ги видиш во некоја малку поблага, малку понова светлина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа никогаш не можеше да го сметне од мислите, од сеќавањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Просто ја сметна од себе, како парче канап, како смок, што му се опсукал по рамениците.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Потоа седна крај горското изворче, ја сметна торбичката од рамото, го извади пченкарниот лебец, неколку пиперки и почна слатко, слатко да јаде...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Му пристапија на коњчето, му го сметнаа самарчето, го зедоа и тргнаа низ коријата...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Што ми зборуваш, Уљо, велам јас, зар се сметна од умот, велам и магла ми се реси пред очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од кај најде толку страв, господе, да сметнеш на земјата?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И стражарите ги сметнаа пушките, се чу решителна команда: — Оган! — Бау! — Оган!...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој го сметна сега и качкетот и го кладе на колено, како да сакаше со тоа да рече: што ме мислиш ти мене?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тие два цртежа ги сметна тој од ѕидот, утрото пред самото отворање на изложбата, ене ги стојат уште на бирото во изложбената канцеларија.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој сметна капа и си ја подаде раката:
- Дозволете да се запознаеме.
Франц - бивш народен учител.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)