смеса (ж.)
Пропаѓајќи, тој ја извива раката (не веќе рака оформена, туку нешто налик на ембрионален екстремитет), очајнички замав на давеник, исчезнува, се претопува во зејтинестата смеса.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Смесата на позитивни и негативни повратни врски им наметнува на економистите два тешки проблема.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Кога стигнува Гуши од Прилеп, јас сум способен да му приготвам ручек: ситно издробени пиперки, потпржени, два домата во нив и на крајот две јајца во смесата што врие. Како додаток: лубеница.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Јунаците на Живковата Пасквелија вијат оро на манастирската чистина, а сончевата синевина ги вовлекува омекнатите мозоци во усвитен вител, што стврднува во бетонска смеса од ракија и пиво.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тој го измисли најголемото чудо на овој век - печатењето со подвижни букви лиени во смеса од олово, калај и уште нешто што го заборавив.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Таа сѐ уште се кикотеше и се обидуваше убаво да го смеси растуреното ќофте.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Осамениот Еразмо, полека, воден од својот Свет дух, се упати кон привлечната бела топка, смеса од облаци, снег и магла, во чија што внатрешност не се распознаваше ништо.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Еве, на пример: Секогаш кога ќе го слушнам тој збор, ги гледам членовите на сите комисии (жири, за избори, за селекција) како подготвуваат смеса што треба да ја запржи одамна приготвената манџа.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Цигли од ќерпич (смеса од песок, глина и вода, некој вид влакнест или органски материјал), сушени на сонце се користеле на Блискиот Исток, Северна Африка, Јужна Америка, домородците во југозападните САД со илјадници години.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)