смекнат (прид.)
Ангелија молбено и тажно го гледаше. Градите ѝ се разбрануваа како смекнат мрамор.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Таа беше темнолилава и слична на сите сенки а тој копнееше по влажно зеленило каква што е мевестата облека на шумските стебла - зеленило смекнато од сочното млеко на земјата. И влажни камења на крај поток.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Ова ви е последно! - рече гледајќи како алчно го голтаат топлиот, смекнат леб.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И лежам крај неа, вели, целиот глибав, омрлушен и смекнат. Ко перница со плева, вели, ко раскиснат снег. Дури и коските ги сеќавам дека ми се празни и меки, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Отворањето на фиоките е рамно на отчкринувањето на волшебна кутија: смекнатата браон банана меѓу копчињата, виљушката до моливот, тој до кремата за бричење.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Плашејќи се секогаш од радикални решенија со смекната душа од селидбите, од ударите на судбината, тој сега гледаше дека децата се ослободени од неговите фрустрации, но го плашеше тоа да не предизвика спротивен ефект во новата средина, па да се урне неговата морална тврдина.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Кај седмиот ангел сме, а брате, - придава тој како смекнато. - Пред Судот Страшен.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)