смачи (св.)
Нему му се смачи молчењето на деда Бошка и му свика: - Кажувај де: бидуваш или не?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Мракот ми е ден, сенките придружнички: никој не ме гледа, закулник сум дури и за очи на був, од студентските дни Asio otus, а јас можам да ги ѕиркам низ чипките на завесите - стојат под прозорецот изѕемнети дури и од летен дожд, црни, со лица на шумски сатири, влакнести и балсамосани под кожените облеки, да ти се смачи од тие човеколики пци со совршено полициско педигре.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога ќе фатело да вели: „Раскажи ми бе дедо, раскажи ми... “ та да му се смачи на човек.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
После им ја даде кутијата со тутун и почна да се извинува: - Ми се смачи сам да седам.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Веќе ни е смачено од смрзнати морски риби и само истргуваме моркови.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако не ви се смачи по триесет минути, ако не ви се смачи по шеесет минути, по деведесет - на крајот ќе бидете восхитени!
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Треба да се пакувам, си заминувам одовде! Ми се смачи и од вас и од оваа ужасна куќа!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ми се смачи од продолжување, будење, спиење, повторување, гадење.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ми се гади од себеси. Смачено ми е.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Смачено ми е од пораки кои треба да се дешифрираат.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Грета: Не доаѓа предвид. Утрово се депилирав и ми се смачи од влакна.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Не е можно, се противев јас, ти ништо не знаеш, лекарите не знаат, јас знам, таа ми е другарка, ја познавам јас нејзе, нема да ѝ се допаѓа долго да спие, ќе ѝ се смачи, ќе видиш, ќе се побуни и ќе стане.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Од прво одделение нѐ тераа да цртаме храбри партизани и курирчиња и на сите ни беше смачено кога моравме за секој празник да цртаме као партизаните со петокрака ѕвезда на капата пукаат во Германците и ги победуваат или пак, ќе ни дадеа состав како курирчето Славко ги надитрило Германците, се разбира, тоа секоја година се повторуваше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ми беше рекол оти му се смачил животот по бараки и оној војнички казан од кој можеш да зафатиш со водата само ориз и моркови.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ми се смачи повеќе да не можам да биде и се кренав јас – одам право во Скопје. Во Владата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Одиме долу!“ неочекувано и репително рече Летка откако и нејзе и се смачи таму на отворената планинска височина на којашто гореата го имаше укочено воздухот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кое поради вкусот, кое заради компромисот, пиеја еспресо зашто им беше смачено да се зезаат со грчката загатка дали кафето е турско или грчко.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но ако Јосиф си беше папуџија на глас поради себе, сега и ибн Бајко се откачи од неговиот ченгел и наместо сиромашец, за ќајата Неби-ага почна да личи на прејаден гостин: ем ти е смачено од него, ем не го бркаш за да не се помести и да ти ја изблуе софрата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога почна да не ми се живее Сфатив дека сѐ уште не сум се родила Кога ми се смачи од зборување Сфатив дека не знам ни да гугам Кога ми здодеаја луѓето и гужвите Сфатив дека всушност сум длабоко осамена Кога решив да променам сѐ Веќе беше доцна! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
- Смачено ми е од извештачено продавање на приучени манири, смачено ми е од користење на интернационални фрази за да изгледаш помудро, смачено ми е од целиов овој провинцијализам што сака да се напика во центарот на сите збиднувања ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)