сматок (м.)
- Да не ми донесе сматок, вели Доксим Тренчески, да не е јајцево ланско. - Како ланско, Доксиме, велам, сега е снесено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во дуќанчето отспротива има јајца колку сакаш. Дајте пари за шест чифта. Тврдо варени, разбра? И немој да ти тупнат некој сматок!
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)