смарагд м.
смарагден прид.

смарагд (м.)

Опколен од сите страни со злато, дијаманти, смарагди, златни султански одори, човек не може да ѝ се противстави на мислата за величината на една многувековна империја, но тоа асоцира и на една тешка судбина на рајата, која ги создавале тие богатства а умирала гладна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сјајот на скапоценостите во нив засенува на секој чекор и човек би помислил дека падишасите се натпреварувале еден со друг своите престоли да ги искитат со повеќе злато, дијаманти, смарагди.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Доколку смарагдот се распрсне, направен е грев.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
8. Си беше една темна шума со боја на зелен смарагд во која живееја тигрови, мајмуни и таинственото суштество – ноелемак.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)