случува несв.
случување ср.

случува (несв.)

Се случува во едно село во Западна Македонија.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Дејството се случува во Скопје, во турско време, еден есенски ден пред пладне.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Што се случува? - Детено вели дека говорат со мајчичката божја, а чичко Адам - дека играат циркус.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Што ли не се случува во војна?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На деда си ни збор не му кажа за тоа што му се случуваше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие уште не сфаќаа што се случува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сега дождот им ги полни седалките; цивкаат преплашено и трчаат безглаво под разбуричканите ќерамиди. Насетуваат што се случува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се случуваше ли сликата да оживува од моите трепетливи усни и да ми врати здив за здив? Можеби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Такви несреќи секој час се случуваат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но се случува понекогаш на Васко да не му се спие па после секоја приказна ќе го моли деда си: - Уште една, мала...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ИВАН: (Во првите мигови тој им се предава на тие бакнежи, дури се обидува и да се поигра со нив, но набрзо станува свесен дека со Неда нешто нечекано се случува и затоа ја зема нејзината глава во своите раце, се обидува да ѝ погледне во очите.) Ти плачеш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Смрдеата ги гонеше. Сѐ беше оставено на неколку луѓе коишто, исто така, не погледнуваа што се случуваше во ќелиите. Глигор можеше да започне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На месечината понекогаш ќе светнеше стаклесто црно само по некој поглед, како поглед од истечено око, ќе проблеснеше само по некој отскриен заб, но сега сето се престори во некакво чудно сновење околу неговата пилана, едно такво забрзано одминување, при кое секој од нив, со една чудна фанатичност во таа проклета осамена недоверчивост во оние сиви, изребрени тела, како да мораше да мине на секое место, така што неколку пати се случуваше да се судрат по два, а притоа само остро ќе прикрцкаа нивните очници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште од првите денови, кога дочу за она, што се случуваше во планините, Змејко знаеше да си ги поврзе сите работи и повезден мислеше на својот Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко од своето легло можеше добро да го сеќава она, што се случуваше таму, во темничината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Соопштуваше возбудено и панично, па и колку и да си спокоен и студен како мраз, сепак гласот негов те каса морничаво во душата, па помислуваш дека нешто најстрашно се случува: бесење, колење, стрелање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Многупати се случува да настрада кутриот од некое мувиште што ненадејно ќе му влета в уста.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Навраќајте во него за да се присетите и за мене, зошто јас постојано се соживував со вас и стрпливо поднесував сѐ што се случуваше; страдав кога со вас нешто тешко ќе се случеше, а кришум се радував и се лутев поради вашите немирлаци; сетете се и за вас, мили деца, за вашите први денови, кога како преплашени зајчиња се припивавте кон клупите и плачливо се држевте за рацете на вашите мајки.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Наеднаш почнаа да се случуваат мошне чудни и необјасниви работи: млекото што го пиеше помалото братче на Димче згорче како пелин; едно утро наеднаш ѝ се здрви раката на Димчевата мајка; еден ден ненадејно и без причина на дедото му испадна единствениот заб; еден ден, пак без причина, бабата си го поткасна јазикот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе