случка ж.

случка (ж.)

И кога овој надолго и нашироко им ја исприкажа случката, двајцата родители почнаа да си ги корнат косите и да тажат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Така ли е работата? – пламна кадијата и кој одамна беше ја заборавил случката со грабењето на мариовските деца, и пак се насмеа, па продолжи со извесно сомнение во Селимовото раскажување: – Којзнае!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа знаеше што барал под креветот но не сакаше пак да го потсетува на случката и да го срами.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Диме се зачуди. Наеднаш не можеше да се сети за синоќешната случка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Другиот гулаб збунето кружеше над местото каде се одигра случката а потоа се изгуби осамен кон запад.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ЛУКОВ: Одлично. (Му го подава писмото што го имаше Фезлиев.) Сега, веднаш со ова писмо ќе појдеш кај Иванов и ќе му ја раскажеш случката.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сакам да бидам сигурен дека не се однесува за мене и дека не ми се готви реприза на случката со Кирил Ацев.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ме интересира само тоа дека сева работа со мене наполно личи на случката со Кирил.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И тоа беше некоја негова способност да ја направи поднеслива секоја случка, да ја исуши и претвори во бескрајно зборување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И чепкаше и распетлуваше сѐ што станало, повторуваше една иста случка во различни нијанси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И, како што се вели за некого дека откога ќе се попари од млеко потоа дува и на маштеница, така по оваа случка и Фигаро почна да бега дури и од мувите!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Веројатно не знае ништо за случката и со нас постапува како и другпат.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А и на многу други настани, за кои знаеја и помлади луѓе, како што бил пожарот на некоја Ѓурова колиба, кога изгорело целото стадо па стопанот умрел од мака, па некоја зима кога волците направиле пустош по колибите, кога многу стада биле преполовени или сосем уништени, па нивните стопани ја напуштиле планината и никогаш веќе не го обновиле колибарството, - сето тоа и многу други случки, раскажувани по многу години звучеа како сказни, како измислици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И пак низ селото потекла приказната за неговото јунаштво, се до оној ден, по еден месец од случката, кога брзо се разнесе глас дека Волчарот побеснел. Волкот бил бесен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И за самите нив откривањето на некое заборавено доживување, некој избледен настан, беше ново и интересно, па со денови разговорите се водеа само околу таа дамнешна, заборавена случка од младоста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Случката со Адема Андон ја разбра и беше сигурен дека Толе не се дава жив в раце на „тој пес“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека бев во Берзата, чув една шега, поточно вистинска случка за еден берзијанер, од која може да се види колку тие се внесени и „запалени“ во работата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потсетете се некогаш на ова мое кажување, на неколкуте случки што ви ги раскажав, можеби тоа ќе ви помогне да одбегнете некоја невола.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ќе ви раскажам една вистинска случка која, мислам, на убав начин ќе ја поткрепи и објасни оваа поговорка.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе