слуга (м.)

Да, слугите на Арес ќе го слават, мајко, сето што тој го сторил в подвиг смел, и сите певци ќе те слават секаде по светот со еден занес толку врел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Комитетот кажуваше дека нема чети, нема противдејство на реформите од негова страна, а пак Турците кажуваа дека има чети, населението дека има оружје и се готви за востание, војската има постојани судири со четите, четите ги убиваат мирните жители што не ги слушаат и му се верни слуги на падишахот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Просто стана слуга на стариот, а преку него на свети Ѓорѓија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стариот поп Трајко, како стар човек и вреден слуга божи, секоја недела става рано.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Петко пак, како манастирски слуга, ѓак, му носеше на владиката мед, ореви, сирење, маст од манастирот; го придружувале на враќање до Битола, бидејќи владиката неколку лета летуваше на овој нов манастир, та и тој беше познат во митрополијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прими го писмово мое со татковска наклоност и проштавај што се осудува слугата твој да ти го нарушува мирот и да ти го одзема скапото време.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие ѓаури откажаа да се потчинат на твоите свети закони и наредби и дигнаа рака на твоите правоверни слуги.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Зар не се клањаат сите нивни слуги пред мене и бараат милост за своите господари?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Четворица слуги имаше само во магазата. А посебно имаше други што ги работеа бавчите и чифлигот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И изгледаше така: накострешен, исклештен, страшен змеј од китајска свила. „Слушај, слуго господов“, цедеше бел пенлив отров.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Едно утро, кога Мегалон веќе сметаше дека бербата привршува и дека децата ќе се вратат по своите домови, дотрчаа слугите избезумени.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во истиот час неговите многубројни слуги, градинари, цвеќари и стражари се растрчаа на секаде, по блиски и далечни краишта да ги собираат децата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А особено ако дигнал рака на падишахот и неговите силни слуги.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Доста вјаваа ако е за фајде; да ги симнеме еднаш од грбот, да си починеме и ние, нели сме душа, стопанка му — заврши детето, а Толе веќе се пренесе со мислите како ќе излезе од апцаната, ќе му појде првин на Валијата во Битола, ќе го поткастри со сите негови мезличари, со сите гавази и слуги; после ќе ги најде сите бегови од прилепско битолското поле, ќе си оди во Крушевица, та ќе ги суреди Адемовци, Селимовци, Ќемаловци и сите други како нив. Море ќе кола, ќе кола, ќе кола дури ќе ми сечи ножот и дури ќе ми мава раката".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но и тој беше слуга и роб на Ал-Шариовци, кои им „направија себап" та им отворија и крчма, и фурна, та дури и грозје, јаболка, круши, гошерки им носеа во таа пустелија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Клаус се поздравува со гостите. Ливреисан слуга му ги претставува.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Како шофер да, ама не и како слуга... - Не слуга, туку аѓутант.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во очај, по безуспешното лекување на оџите и бајачките, кришум, по првиот мрак, бил повикан еднаш и попот Вртипоп, поточно бил извлечен пијан од туѓа плевна од двајца слуги на бегот кои сепак можеле да видат во сувата слама две недоволно сокриени женски нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога се повратија Италијанците во Костур, нашиот слуга Васил Мокриев прв им го даде газот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе