сликовит (прид.)
Бароуз опишува сликовити пејсажи, детализирани социологии на имагинарни племиња, халуцинантни градови, научно-фантастични млазови на топла пареа од сребрена сперма исшприцана од Венеријанските трансвестити со платиниумска кожа... И така натаму.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Како и да е, нас тука нѐ интересира првата од овие школи, таканаречената сликовита теорија за јазикот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сакав да одам таму во раните осумдесетти зашто за мене тој музеј е исклучително сликовит.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ќе те спасат од лошиот миг на проклетсвото – филозофираше старецот со сликовитото претставување на телесната и духовната борба, ставајќи ги работите на вага.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Навистина, еден или двајца од нив имаа елементи на поезија, во начинот на дотерувањето и во своите карактери, кои повремено се откриваат во сликовити фази, со свежа и оригинална реакција кон нешто.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Еден непознат лекар раскажуваше за витамините, брошурите и своите деца, поттурајќи сликовити докази за нивното здравје. Му потврдував со насмевка.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)