слепо (прил.)

Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од куќата на Димка слепо гледаа прозорците излепени со хартија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега и здравото око на кловнот е слепо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Волците слепо ја следеа по бескрајното снежно море и ја оставија, а таа, како да си дојде на себе: далеку ги заобиколуваше јуруците, се плашеше од нивните развлечени песни; ноќе го грееше под срце нејакиот пород и се разбудуваше дури и кога по земјата ќе зашушкаа ланските дабови лисја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги стисна забите и со шум отворајќи ја вратата истрча во ходникот. Јурна слепо во темно слепило.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Успеваше да го избегне ударот од сите нив само по некое чудо, затрчан слепо и без здив по снегот што тонеше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега тие сигурно веќе се искачуваа по онаа угорница, одбирајќи ги неговите вчерашни стапалки и слепо држејќи се за нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа, секогаш кога ќе си спомнев точно на овие денови, сфатив, има толку многу нешта што брзо не се разбираат, не се даваат со голо око, толку прекрасни нешта скриени се таат во предметите околу нас, чекаат на нас, а ние слепо газиме на нив, ги ништиме тие мали, незаблежливи и неповторливи нешта, бездушно ги сакатиме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Скот да бидам, јас едно време и богу и пред луѓето најлудо се молев, и денеска тоа го правам, - кога му се суди на еден човек колку е тоа можно слепо да не се гледа само на еден дел од неговиот живот, за што можеби тој самиот не сноси никаква вина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Улаво, слепо трчање по тесни, темни скали, - сите во строј, сите во строј!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стрелале во ништо, слепо, со бес на расрдени ѕверови со заби да го кинат невидливиот грозоморник, и веќе не се знаело кој и од која страна пука.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слепо во споулавеноста барајќи пат кон тишини во кои не ќе зататни ни пушка ни топ, по богтизнае колку замаглени дни и студени ноќи, се сретнал во безживотен дол со калуѓер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да се исклучиш, да се свртиш и слепо да се согласуваш?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој за трки не е, покрај сиот копнеж, на кучешко влакно слепо ќе се сопне.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но и Нероден Петко премираше во ровината на стравот заедно со сите други, збунето, слепо, панично, стрмоглаво черепејќи се во поснопицата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Дали се работеше за заговор да се умртви душата на народот, односно разобличи неговиот идентитет, од некоја друга над Централа, на која слепо и немо му беше подредена овдешната под Централа, која сега по излегувањето од прегратката „на големиот брат”, се гушеше од самата себе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Според книгата на Николаѝ Котев, Воѝна без правила, Британското разузнавање во Бугарија (1939-1945) Издателство на Министерството на страната „Св. Георги Победоносец“, Софија, 1994, се истакнува дека мисијата била спуштена на 15 април 1943 година во близина на Брод на слепо и веднаш биле заробени војниците на V-та армија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ѓулсиме тогаш не знаеше што е тоа, таа трескава напнатост што јури главечки и слепо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Многупати другарував со ГРЕВОТ со тој бесрамник и подлец знаеше да ме излаже често а јас да му верувам слепо
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Летајќи на „слепо“, со лошо научени лекции, ја префрлаат ноќта од еден театар во друг, па публиката се чуди зошто е така ниско приземјена.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе