следен (прид.)
50. И вистина, веднаш по Востанието, по студентските бранувања за српско-бугарско зближување за сметка на Македонија, беше потпишан таен „Сојузен договор помеѓу Кнежество Бугарија и Кралство Србија“ на 30.3.1903 год. со „Заклучен протокол“ од следниот ден, каде што рускиот император се признаваше како арбитар за сите спорни прашања што би искрснале во врска со придобивките од војната со Турција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
При решавањето на ова прашање не треба да се забораваат и следниве прашања: кои наречја од српскиот и од бугарскиот јазик се признаваат за најтипични за овие јазици и кои нивни особености се признаваат за најкарактеристични за едниот и за другиот јазик?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие се расудувањата на Бугарите. Но ние, ако застанеме на самостојно македонско гледиште, ќе треба да го речеме следново: Бугарија со нејзиното русофилство не им направи никаква услуга ни на Русија ни на Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Потоа следуваа: збирките раскази „Мени на мојата месечина“, „Патот до осамата“, „Крстопат кон осамата“ и сега е во печат следната негова зборка раскази „Во осамата, со слободата“.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Зад следниот рид ги чекаше сиромаштија: свечено тажни гнезда на луѓе, свет што живее, што пати или се радува поинаку и од едниот и од другиот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Везирот го испрати Цреповиќа и го пријави следниот дипломат, со краток доклад што бара: – Шериф Абдула, пратеник од персискиот шах моли милост за сина му на шахот што се наоѓа како сужен кај нас. – Десет илјади златници – отсечно проговори султанот и ја заврте главата настрана, не сакајќи понатака да зборува со претставникот на победениот шах.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Везирот го испрати и овега и го пријави следниот: – Кир Герасимос, кир Дионисиос и деспот Јоакимос од Фанара, молат патријаршиски функции за деспот Јоакимоса. – Се знае – сто и шеесет илјади аспри – лаконски одговори султанот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во следниот момент веќе тој лукаво му се насмеа и си ја избриша со белото шамиче потта.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во следниот момент Бахтијар-паша нареди во борбата да влезе и анадолскиот полк, артилеријата да почне од сите топови да го бие градот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој го зеде својот жакет и се исправи. „Може“, ѝ рече. „Заблуда.“ Во следниот петок таа не дојде.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
ФЕЗЛИЕВ: (Застанува, токму пред кујнската врата. Тука останува сета следна сцена.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
На следниот ден не почнуваат рано, сега може да се работи кога улицата оживува со своите секојдневни шумови за да остане нечујна борбата со новиот непријател под улица.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Следниот ден Арсо одново паѓа во својата треска.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Следниот ден вечерта изгасна осветлението и градот остана во темнина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Знаеше дека се такви и од сета игривост што ја имаа, во нивниот синџир беше собрана игривоста на целото тоа разденување, таа ги исполнуваше нивните само привидно стамени и одмерени движења, знаеше дека уште следниот миг дури да трпнеш можат да исчезнат, како изветреани, знаеше дека може да ги исплаши само едно мало сомнително раздвижување на воздухот, што не дошло од нив, бидејќи беа свесни дека се сами на тие своти вишини, дека тие се само нивни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше прво едно невистинито прострелкување, кога не си сигурен да не е тоа можеби само една одронета трепка во твојот поглед, но уште следниот миг можеше и да ги гледа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше една мисла и тој на неа не можеше да си ја препознае како своја, сепак; ја отфрли уште следниот миг недомислена, но таа остана негде скрајума да демне во него, како отворено око на непрепознавањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Па и оваа не чини – рече Зоки и за следната карамела. – Ту, какви карамели сте ми донесле!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Затоа тоа и не можеше да види како на следното утро Белото јоргованче се закити со бели, бујни цветови.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И следниот ден во истото време човекот пак се појави.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)