слегнува несв.

слегнува (несв.)

Татко ми велеше: небото не слегнува Во празни срца Сабјата не се буди во успана рака А сеќавањето е најбрз коњ Најдалеку ќе те однесе. (Зошто го кажуваше ова кога го беше загубил минатото Минатото му го развеа Киклопот на Револуцијата) Изгледа беше изумил дека изворот сончев покажува само пат кон заодот А дека ѕвездата што паѓа во фонтаните на темнината е само златно париче што некој го фрла од чардаците на мракот (Утрото сепак никогаш не заборава да слезе во одаите на ноќта) А каде тој можеше да слезе од чардакот на својата темнина И која врата потоа да ја отвори Во куќата на новото време Во домот на поразените Коњот и острата сабја Исчезнатото минато И лудата глава на Козакот Од пештерата на сеќавањето Што напати се отвора.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
1 Слегнуваш од планината Во секој бел камен студен извор.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А по улиците што внимателно кон Езерото слегнуваат брзаа новите љубовници во мислите со нови телефонски броеви, тајни имиња, скокотливи приказни, роковници.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ќе ти кажев дури и кој ѝ ја рашири вратата на нашава убавица Росана за да влезе во салонот на Домот на Армијата на онаа грандиозна прослава што не ѝ слегнуваше од устата цели три недели.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Значи, продолжи Науме, додека слегнував утринава кон лозницава забележав еден грозд како се одделува од прачката и како заминува удолу.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)