слаткар (м.)

Најумните деца (Петар и некоја Цвета) слаткарите ги обеспокојуваат: - Бесплатно да се делат торти и корнети, настојуваат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Правена е по план, донесен од Германија, каде што тако му работеше како слаткар: куќата е со висок стрмен покрив кој не држи снег, и на кој, на сите четири страни, има тавански прозорчиња што го осветлуваат просторот под покривот; на сите четири ѕида од куќата: и на долниот и нагорниот кат, има мали дрвени балкончиња и тесни врати кои излегуваат на нив; над нив има гипсени украси: развлечени триаголници што се испакнуваат од фасадата; по рабовите на куќата, исто така, се спуштаат гипсени бордури; куќата е обградена со зеленило што ја прави уште поубава; пред куќата нема градина како пред многу други куќи, туку е посеана ниска трева која како зелено кадифе го покрива сиот простор; низ тревата постојано се разлева една браздичка со вода и ѝ дава свежина и силно, блескаво, зеленило; пред куќата, под лозницата што е разгранета на дрвени потпирачи, се белее гроб направен од мермер; околу него цвеќиња и масичка и столчиња направени од преполовени костенови стеблаци; оградата на дворот е од мазни дабови плотици со куси врвови исшилени како запци од шара.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Еднаш на баба ми ѝ се јавил некој слаткар по телефон и ја прашал дали кај нив живее некој си Борис кој влегол во слаткарницата и замолил да се јават на неговиот број и да кажат дека не може да си го најде патот до дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сите, без исклучок, се однесуваа кон мене исто –мајка ми, татко ми Срчофилд, крпачот на чевли Стрико Шило, слаткарот Салеп Каја со ќерката Зула, пожарникарот Генерал Шмрк, моите другари Тантурак, Рокче, Помак и Тутуле, познати од некогашните прикажувања.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На пример, го среќаваш Перо водоводџијата, Рустем слаткарот или Ќиро клозетската шоља и замолуваш некој од нив да ти го позајми носот...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)