сладострасно (прил.)
Тагата по селото во подножјето на северната скопска црногорица ги гонела со труд да го совладуваат бавното движење на времето, во таа доба на годината ненадејно смекнато од јужно ветре и од сладострасност на цутната разбуденост на овошките.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нивните забрзани реченици, со голтнати зборови, сведочат за сладострасноста.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Со некакво сладострасно крцкање во зглобовите се искачи по скалите над дуќанот на г.Черингтон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ноќеска повторно го сонував оној сон, но наместо она физичко чувство на ужас што го доживеав првиот пат, а какво што никогаш несум доживеала на јаве, овој пат имав некакво интензивно, мачно, скоро сладострасно чувство на ученик кој е фатен дека не ја научил лекцијата за која јасно му било речено дека мора да ја совлада ако држи до својата иднина.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сладострасно, како овошна салата, преметнував парчиња идеи како сѐ да исфрлам надвор.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)