слабее несв.
слабеење ср.

слабее (несв.)

Но и од она што можеше да прилега на судир и караница слабееше, се губеше во подвреснувања и задоволно подвикнување додека лелеавото оро се извлекуваше од црковниот двор под нишки на штотуку почнат дождец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Мноштвото предмети го слабеат доброто влијание“, вели Хорацио.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Аргументите на овој напис одат до таму што говорат дека инфекцијата со ХИВ не мора да заврши со СИДА, но стилот на живеење кој во себе ја вклучува употребата на вакви дроги и поминување на цели викенди во играње го слабее имунолошкиот систем.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можете да слабеете колку што сакате, но мрсните клетки се секогаш тука, чекаат на својот миг за ревитализација. Trash-от е експанзивен, trash-от има упорна душа и пустински навики.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако е така, причините за укинувањето на кривичното гонење значително слабеат. Накратко, Бендоу не успева да даде убедливи докази за тврдењето дека легализацијата не би ја зголемила потрошувачката на јаки дроги, ниту пак проблемите што произлегуваат од тоа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ентузијазмот не се смалуваше. Само, од што не заработував ништо, од што не продавав ништо, од што одев секогаш со една толку тешка колекција, слабеев сѐ повеќе и повеќе... Освен во бицепсите се разбира.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нешто озгора ме слабее. Зад очите веќе немам потпир.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Велеше, како и онаа вечер кога го загубивме, дека светот му изгледа страшно стар, и дека бојата на предметите и мирисите, како што минуваат годините – слабеат; дека има потреба да се врати назад, барем во детството; го гледав и забележував дека и двајцата тонеме постепено во некакво неодредено опуштање, дека разговараме за суштински нешта, иако изгледаше дека говориме безначајни работи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Десет дена не го напушташе слабоста Симона. Му давав лекови што ги донесов од градот и му ги завиткував нозете со крпи во оцет. Температурата слабееше, но пак се појавуваше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили...  Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Глеј само како му слабее чекорот Како му истечува времето И како исчезнува во сопственото ехо во глувата пештера на сеќавањето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
По неговата смрт државата започнала да слабее која ја користи византискиот владетел Јован Цимиски кој во 971 ја покорува Бугарија и го ликвидира Првото бугарско царство.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И навистина, од тој ден таа почнала да слабее, да вене и така починала.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не слабееше, затоа што јадеше многу повеќе отколку што трчаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашата загриженост за неговото здравје сѐ повеќе раснеше, и не забележувавме дека Хајнерле од ден на ден сѐ повеќе слабее, температурата на челото ја сметавме за дел од возбудата заради промената на средината, кашлањата за дел од настинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И покрај сите напори на докторите за нејзино лекување, како последица на повредата, со текот на времето видот на тоа око започнува да ѝ слабее – при што намалувањето, односно оштетувањето на видот достигнува и до 95%.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од 1938 година, кога добива повреди на главата, неговиот вид постепено слабее и со текот на времето тој сосема ослепува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се раѓа, расте, се одржува, создава пропратни производи, слабее и умира, сè додека не стане невозможно да го одржува материјалното тело.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секоја расправија и секое нарушување на мирот меѓу Американците за прашања поврзани со разликите во стариот крај, а кои се однесуваат на тие народи и кои треба самите да ги уредат, ги слабее нашите напори во полза на нашите непријатели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Повеќе