скулптор (м.)

Се допирам себеси и одново да не ме забележи никој ја допирам и глината од која ме пресоздава скулпторот.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Тука му асистира на белгискиот скулптор Оскар Џасперс и кај него ја изучува вештината на дрворезот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Има еден чудесен Германски надреалистички скулптор Ханс Белмер кој има едно дело наречено „Кукла“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Иако спротивставени, имаше силни реакции и во другите кругови: италијанскиот скулптор Giacomo Manzu бараше смртна казна, додека пак една швајцарска група уметници го поздрави чинот како трансгресивен уметнички перформанс и сакаше да го номинира Тот за Златен лав на Венецијанското биенале.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На некој начин, тие го залажуваа гладот на детето во мене, она кое некогаш сакаше да стане скулптор. И така со години.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Скулпторот остана сам крај својата скулптура, среќен и горд на она што го создаде, на своето пресоздадено Јас, изрежано во снегот до совршеност.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Скулпторот, пак, го беше засенил блескотот од скулптурата во која, се чини, тој го пресели својот здив и своето постоење. Таа му ја имаше земено и сенката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Неодамна весниците пишуваа за некој скулптор кој долги години работел во својата вила, во близината на Кичево, кај кој ноќе, наводно, доаѓала монахиња, исто така со џип, но подоцна се утврдило дека под дулбенот со ширитче по рабовите и долгата црна носија на божемната искушеничка се криел поп, хомосексуалец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Првиот е либералното потекло на неговото семејство, отворено за уметноста (татко му бил скулптор), а вториот родниот град Келн, полн контрасти меѓу католичката буржоазија и „црвениот“ пролетаријат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)