скршнува несв.
скршнување ср.

скршнува (несв.)

Скршнувајќи од друмот, колата набргу навлезе и се скри во честа коштанова шума.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И Арсо скршнува во другиот сокак. Тој сокак не оди на крчма туку на друго место. Таму живее учителот. Со него останува повеќе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од последното, најмалото парче црно копно, дирата беше излезена и скршнуваше нагоре, губејќи ја со секој чекор својата црнина, а уште погоре таа се закопуваше во неколкуте купишта смреки, што беа покриени со снегот, но на повеќе места ги подаваа зелените вршкови на своите гранки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
13. НОВ БУНАР КОПАЈ, ВО СТАРИОТ НЕ ПЛУКАЈ - зашто и водите подземни скршнуваат патем, не се знае на каков истек ќе наидеш тука - еднипати свеж и бистар, другипати матен...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ги отвараа прозорците да се изветреат одаите, ги тресеа постелите миризбата да им излезе, а кога ќе врвеа крај казаните, скршнуваа од патот не можејќи да ја трпат миризбата; одвај чекаа да фати посилен ветер да го изветрее сето село и да донесе нов, посвеж воздух.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во јули застанат во вашиот двор да ја кренам раката наспроти сонцето и внимателно движејќи ја низ воздухот да се одрзува сенката на секој нејзин потег како оган што да го нагризе ѕидот сѐ дури мислата на тој цртеж не се вглоби во душата на каменот сѐ дури среде ова болно јаве на животот ѓаволски убава одново не се покажеш ти наведната како му ги замиваш раните на вашето болно ждребе и гледаш на мапата на неговата засушена крв пат што скршнува кон вилински езера и коњ на патот што `ржи самоти ѕвездите и стебленце бела бреза што се ниша над младичот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во Леништа се одделувам малку од литијата и скршнувам едно паровче од јаболкничето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои, кои не држеа многу до постот, скршнуваа во водата и јајца, за секого од домаќинството по едно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И, на часот, моторот ни скршнува од патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Сега оди по Бел Стрит. Тој секогаш оди пеш... никогаш не зема такси... сега оди низ паркот, сега скршнува зад свиокот кај Оукхерст и сега...“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Теоретичарот на правото, Џејмс Џекобс (James Jacobs), не греши кога вели дека расправата во врска со легализацијата во Соединетите Држави се води на погрешен начин; таа го скршнува вниманието од сѐ што би можело да се направи за да се намали злоупотребата на дрога и да се формулира разумна политика за решавање на тој проблем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Очите на човекот без брада летаа секој час кон лицето - череп, потоа виновнички скршнуваа, за да се вратат повторно привлечени назад со неодолива сила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговите бледосиви очи прелетуваа срамежливо од едно лице до друго и брзо скршнуваа настрана кога ќе се сретнеа со нечиј поглед.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не да јавам по патот, кој ми се гледаше премногу тесен и премногу рамен, туку скршнував лево и десно, го терав коњот да цапа низ реката и да се препиња, излегував од водата и пак влегував во неа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сѐ друго е камен, камен на дното од притоката, камен е што ѝ го скршнува текот на водата, камен е брегот измиен како платно, под секој бран е камен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Поривите скршнуваат во непознат правец.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Твојот пат е твојата светост.  Твојот пат сочинет од име и идентитет и другите подзаборавени потценети распродадени за туѓ ќеиф, по сопствена вина - доблести и добра сега и материјалните територијалните егзистенцијалните  сѐ за да бидеш и никој, и ништо и да се рассееш по светот БЕСТРАГА, НЕВРАТ ЏЕНЕМ, ПО ЃАВОЛИТЕ надвор од јазикот...  Но твојата трага - длабоко втисната тетоважа на светот - не е само твоја.  Не скршнувај од својот Дом народе мој!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Скршнување Не скршнувај од својот пат, народе мој. Твојот пат е твојот дом.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Не скршнувај од асфалтот, можеш да зацапаш во локвата“, е еден од честите другарски совети на мојот пријател.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ветерот во едрата некогаш е тивок и нечуен, а некогаш толку силен што кормилото на животот скршнува во непознат правец, судбината со своите опструкции те предизвикува да играш по нејзини правила.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повеќе