скрсти (св.)
Се загледа во едната, се загледа во другата, се поистави еден чекор назад, ги протрлка очите, кои му се навирија со солзи од напрегнатото ѕурење, промижурка со клепките, ги скрсти рацете, на градите, и почна да се клешти од смеа: – Ха-ха-ха-ха! Ха-ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Еден ден јас ќе ги скрстам рацете и, како многу други, ќе умрам.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Скрсти нозе Марко, се навали на перниците:
„О, мој вели пашо! Се колнам!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Седнаа, скрстија нозе, ѝ се насмевнаа утешно на подуената од плачење Калија, каснаа една до две леблебии и испија по чавче салеп.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Татко пушеше цигара по цигара, дедо со растреперена рака сакаше да го припали чибукот, баба со рацете скрстени на скутот, се нишаше напред-назад, мајка со образот потпрен врз десната рака, гледаше во растрепереното пламенче на ламбата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)