скрснозе (прил.)
Петко ги собу опинците, ја симна торбата од рамото, стана, ја исправи ластегарката до ѕидот, ја обеси торбата на колот и седна скрснозе на постелата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Качен на највисокото дрво, седнат скрснозе во највисокото гнездо, на челото со едра светулка, во миг ќе свикаше со занес и со горделивост: „Ова на челото е дијамантот од турбанот на дедо, а ова сум јас, златно клуче, златно клуче за сребрен катинар, јас сум пергамент, јас сум тркалезна буква, уште неодгатната“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Беше сигурен само во едно – го знаеше човекот што презриво го погледна кога се поднамести во седењето на ручекот, оти никогаш не седел скрснозе, и по само петнаесет минути сосема се здрви.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Бегот седеше скрснозе на еден од миндерите покриени со црвени килимчиња и со снежно бели перници во штиркосани калафи, а под него имаше меко душече исполнето со памук.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Валијата седеше скрснозе на посланото сеџаде, а сите други, според рангот, или стоеја, или на еден колк се потпираа врз миндерот до Мехмед-паша.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Јас сум Таа.
Почивам скрснозе
а колковите ми надтежнале од животворност
и се прошириле толку многу
што се одделиле од мене
и веќе не се само мои и не се само тука.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Пред нас скрснозе седнаа домаќинот и Исо, а домаќинката откако нѐ послужви со слатко и студена вода, во мали филџани го донесе кафето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дедо Крсто седнат скрзнозе, запали чибук, влечи полека, испушта миризлив чад, а баба Крстовица стави пред неа топла погача и веднаш зад неа влезе мајка со бокал топол течен пекмез.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)