скромност ж.

скромност (ж.)

Но ова го рече така, од скромност, колку нешто да рече, а понатаму продолжи: „Шо знам пак јас? Неоти вчера су кршчавала?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Каде е тука скромноста и почитувањето кон старите? Тој не можеше да се помири со тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од професорот Томо се научив на скромност, на дружељубивост, на искреност, на чесност, на убаво однесување...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Меѓу врсниците се делел со големата мудрост, необична за неговите млади години, скромност, човечност, со еден збор - бил вистинска слика на својот поробен, несреќен народ.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Науката е страшна работа, заклучив поради што скромноста ме тераше да се срамам од својот очигледен успех.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ионака мене некојпат ме обвинуваат дека за своите заслуги мислам повисоко отколку што тоа го бара обичната скромност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од скромност јас нема да го посочам фактот дека на денот на моето раѓање биеја сите камбани и имаше општонароден восхит.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И го освои, го плени сосема логотетот со лажната скромност и смерност своја, и стана мир во семејството наше, но мене пречувства црни ми ја кинеа душата, оти дотогаш не бев видел случај таков: рака што била десна сама да се постави на левата страна од телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Секогаш доволен од себе си, учтив и внимателен кон сите, особено кон своите другари, тој во кружокот на гемиџиите беше најсимпатичниот, најсаканиот главно поради неговиот голем идеализам, скромност и добрина“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Откако го добив еден од последните примероци на Захариј и други раскази од раката на самиот автор, со христијански скромна посвета, се најдов во за мене сосема исклучителна и пријатна ситуација, да ме изненади едно книжевно дело со својата убавина, скромност, вистинољубивост и со веќе спомнатиот природен тон.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Скромноста ги красеше, беа задоволни од малку.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нежно се прегрнуваат, легнуваат на брачната постела и се соблекуваат, се чувствуваат, ги допираат своите кожи, растреперени и гладни за сласта што им доаѓа како награда за трпението, скромноста, чедноста, што некој сакаше да им ја попречи и открадне, но којашто ете тие си ја отворија во вечната свадба и љубовна игра во која си припаднаа еден на друг засекогаш, пред своите срца, пред семејствата и пред лицето на Бога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Порази ја мојата дивина Длабочина во плитката совест всади О, Мајавади, вие сте мојата неисцрпна филозофија О, Софија, биди ми приказ за реалното и не измачувај ме со идеалното Скромност подели за нас грешните Во дните на покајување искористи ја нашата слабост Ние овдешниве не прифаќаме совет Казни нѐ!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
- Скромноста и правдољубието се главни карактеристики на храброста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се вратија таа есен, и за само едно годишно време се беа претвориле во прекрасни млади жени со префинето однесување, со француски фрази во кокетливиот говор, со израз на лицето кој не изразуваше збунетост и пониженост, туку една лежерна скромност и радост од животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
9. Албанскиот граничен премин скромност го бие.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Најчесто зошто не сакаа да признаат колку се несреќни, полесно им е да глумат лажна скромност, зошто и така не беа за големите работи во животот- кукавици, плашливци.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Да знаеш, без лажна скромност, слатково ти е правено човек одеднаш да изеде цела тегла.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ти си толку богата, а тоа мудро го криеш со својата скромност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дувајќи ги осумнаесетте свеќи Виктор, кој обично го красеше скромност, овој пат помисли дури три желби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)