скрои св.

скрои (св.)

Мора сето ова да го скроиле тие за да се осветат, бидејќи не се здружив со нив, со нивниот волчи апетит!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ќе ти скроиме нови бечви, пинци, пушка, вишеци, ќе те дотераме салам комита.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Значи, Стале, по планот што го скрои уште првата година кога стапи на работа кај отец Арсенија, треба да биде игумен на овој манастир, а тоа значи веднаш да стане богат човек и да си заживее како што живееше самиот отец Арсенија и редица такви како него „испосници" и „божи угодници".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Мори, му скрои, златна Доле. Му скрои нешчо, токо зар толку убаво како чорбаџичките! Му скрои, Ристе ми донесе басмичка од Прилеп, затули тамо едно вурдуче, како сака нека биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лекар сум и знам каков е тој сјај во твоите очи кога в кафеана или на театар или каде и да било, има зад мојот грб други за кои мислиш дека подобро се скроени од мене.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се завртев и погледнав кој е позгодно скроен од мене, кој го предизвикува оној сјај во твоите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Планот беше скроен уште во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Скопскиот беглер-бег и прилепскиот кадија го скроија планот да ги нападнат бунтовниците на големиот христијански празник Велигден, кој таа година беше доста ран – уште на 26 март.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
5. АКО ПИЕ, ЗА СВОИ ПАРИ Е ПИЈАН - ако ги извади, ги вади очите свои, и никому ништо не му прави зијан, само што не шие како што ќе скрои...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тодор беше земјоделец и по малку туџарка, џамбас, та веднаш си скрои план: „Ќе и зема вечер кај мене и утре ќе му кажа кај има за продавање добитци, белим ќе капне некој черек и друг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
СОЊА: Не му е тоа од сега. Тој е така скроен. Каква мајка, таков син.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Примерен, благороден татко, се колнам, би можело да се рече дека тој не беше толку штура природа, така скроена од своето раѓање.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Немаше во што да се преслечеме жените, велам, и зедовме ножици, ја скроивме свилата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар човечката мисла е така скроена: никогаш да не те остава сама?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само за играње беше скроен.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Светов е така скроен да те украдат од мене.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„За насилство јас сум скроен!“ Се огласил со крик боен, „Сѐ што видам да е мое – Денес бара, утре море...“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Да ги отепам - не можам, не сум за тоа скроен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но баш таа мисла го свестува, и му станува јасно: ова го имаат скроено Гога и неговиот другар, ја наговориле да се нашегуваат страшно со него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На крај, откако сите ќе бидат жртвувани остануваат кралицата и кралот како главни играчи во целата таа шаховска табла која Господ ни ја скроил постојано набљудувајќи ги потезите на сите играчи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе