скокнува (несв.)
Околу пладне, кога минувачите ја полнат улицата, тој скокнува, започнува да вика овладеан од изненаден транс.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Веднаш тој скокнува на рамката и се спушта по јажето во темнината. Долу го чека Едип и трепери.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Скокнува од креветот, стои исправен во недоумица и виновно се смешка на себеси.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тогаш срнчето скокнуваше како бесно во длабокиот снег и запливуваше по него, сѐ дури не се запреташе на некое место и не папсаше од сите тие свои бесмислени скокови, или додека не се притиснеше до некое стебло, речиси исчезнувајќи пред неговиот поглед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Лила - најубавата, голема кукла полека стана, си го поднамести фустанчето и скокнувајќи од долапот тивко простенка: „М-а-м-а“, потем се упати кон белото зајаче Џипси и му рече: „Тропни со барабанчето! Треба сите да дојдат на овој собир!“
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Волкот в поток скокнува, бистра вода локнува, Волкот риба станува, со опаш замавнува.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тој ги откопчува панталоните, а јас му скокнувам, го опчекорувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Курта значајно го погледнува Малиот, кој веднаш скокнува и го влече човекот за уши.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Тики: Е, одлично. Во моментот кога завршува песната скокнуваш од тортата и со пиштол на вода пукаш во гостите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Најпосле некако се примири, се испружи зад Митра сѐ уште со раката во пазувата и слушајќи ја мајка си како нешто вражи исо устата, влезе во еден мигновен денски сон: ја гледа Пелагија и не ѝ се верува дека девојката што ја гледа е нејзината пријателка, ја гледа на улица, на разминување, облечена во машки пљачки со широка војничка мандија Која ѝ ја одзема и последната женственост што зрачи од нејзините крупни црни очи, се разминува со неа а таа не дека не ја препознава, ја препознава, ама се прави како да не ја знае, Пелагија оди кон запрега на среде улица, скокнува во неа, го зема камшикот и ги фраснува коњите безмилосно, тие ги напнуваат вратовите и јурнуваат по патот што сега е покриен со дебел пласт снег.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ќе одам да распулам! и таа скокнува во светлината на денот и ја снемува.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- кога влегуваат во ноќниот бар, во позадината задолжително се врцка полугола танчерка на шипка; - кога гл. јунак поаѓа во решителна задача, без оглед дали тогаш чекори, трча или скокнува во хеликоптер, тој им вели на своите сакани (жена, женска, деца, татко итн): „те сакам“, а тие (понекогаш здружено) одговараат: „и јас тебе“;
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се испооближа, се испочеша под мишките на предните нозе и така кевердисана слезе од дрвото оптегајќи се по стеблото надолу и скокнувајќи на земја.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Скокнува и ломотејќи уште неколку збора напросто се исфрли надвор во ноќта, во длабокиот и бел снег, а по неа, набрзина поздравувајќи се, истрчува и Чана.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Мурџо ги покрива забите, лесно скокнува до Пела, се погалува околу неа и си заминува на кај својата куќичка. Бате Дончо, зошто така се пулевте со Мурџо?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Гаро се вдава кога ќе ме види дека тргнувам кон него и бидејќи од десната страна има мал подѕидок, тој од левата ми скокнува на бокот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И кога ќе се вратеше, не скокнуваше веднаш во скутот на Милан, туку стоеше и чекаше тој да го крене, за кое нешто беше сигурен.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)