склопчи св.

склопчи (св.)

Се склопча. Јанко! викна. Ти дојде? Дојдов, чу.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од внатрешните потреси нервите му беа склопчени во тежок јазол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оној негов сосед под дрвото, што беше малку повлечен в страна, пак се прибра до стеблото и се склопчи на старото место.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се склопчиле вака настрана и уште се држат за уши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го видел расонувајќи се невозможно изменетото лице на Ганка, на таа негова возбуда и казна и, без здив, со болка во некој 'рбетен дел под вкочанетиот тил, се склопчал, се намалил да ја сокрие возбудата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се свртев и се оддалечив од нив а ноќната треска, во која умирав заедно со старецот Неделко Шијак и не умрев, побрза од сето мое месо и од сите мои млади жили кон грлото: се склопчи таму, со притаеност на лутица чекајќи свој миг да пушти од себе и студени и врели боцки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Однесувањето на Фјодоровата мачка, славниот пример, со нејзините очекувања на храна и соодветниот избор на место кадешто ќе се склопчи, според ова гледиште, не би можело адекватно да се објасни без да ѝ се припишат, и тоа на не-тривијален начин, состојби како што е имањето претстава за тоа како нештата се распоредени во нејзината околина, и според тоа, извесни верувања и желби со определена содржина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сѐ уште беше во кимоно, но косата ѝ беше поостро подигната, цврсто склопчана на врвот од главата, како да се подготвила за бој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во истиот миг целата вселена на пајакот се склопчи, во клопче се претвори и го зароби во себе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Слабите ноџиња ѝ се склопчија како ноџенца на мало пајаче, а рацете ги држеше пред лицето, обидувајќи се да си го покрие.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јагулата што рибарот ја извади од реката ме потсети на разумно суштество склопчано во мрежата околу својот сон додека фенерот со мрзелива петролејска светлина бавно но грдо ја разголуваше. декември 2000
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И веќе не може да се склопчи. Мазно му е под нозете. ЕВТО: Како мене.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Телото веќе ѝ беше здрвено. Ја завиткавме во чаршаф така склопчена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Под креветот склопчена змија си ја труе сопствената опашка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)