скија (несв.)

Во сајберсветот ќе се натпреваруваш, ќе имаш љубовни врски, размени, шаховски игри, разговори, истражувачки проекти, ќе скијаш на кој рид сакаш, со сите оние прекрасни луѓе, и секој сѐ повеќе и повеќе ќе комуницира со помош на тој глобален јазик на икони. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 89
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ерик одеше да скија на вода со Џерард и дојде на една журка со нас.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Јас обожавам да скијам – не сум како него – одбивав да бидам ставена во истата група.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А Теми продолжи да чита: „На снежните падини на детскиот комплекс „Бунец“ работат ски- лифтови, има ски- опрема за користење и работи курсот - Научи да скијаш...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На ова секој нормален човек би се запрашал – па кај скијаат тие силни светски прваци у сите алпски дисциплини...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
С никогаш не научи да скија, не се санкаше и не правеше романтични прошетки.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)