скепса (ж.)
Таа нивна скепса му прилега на оние луѓе што не веруваат дека човекот настанал од мајмун - додека не видат лично.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И едното и другото водат кон скепсата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тоа истовремено би значело и амбивалентно прифаќање на една артикулирана скепса околу потребата од ликовна сцена воопшто во време кога секаква хиерархија во уметноста е релативизирана. Маргина 36 133 134 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ме кочи мислата дека сѐ што сакам да напишам во мојата повест која упорно ми се опира, не се дава, е можеби веќе кажано, всушност скепсата дека не би кажал ништо ново што светот не го знае и не го искусил веќе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Откако творечкиот поттик ќе ја спушти раката врз празниот лист, за што зборуваше Маларме, и при пишувањето и потоа поетот го опседнуваат прашања, сомневања, скепси во пронајдениот збор во кого се вградил поттикот: чувствувањето, мотивот, идејата, спонтаното и мисленото, согласјето на звуците и созвучјата, говорниот ритам и мелодијата на фразата, боите, - оној недоловлив и пресуден здив што ја исполнува и открива песната.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Значи, творечката скепса, критичкото соочување со сопствениот текст, разбирливото задоволство толку својствено на творечкиот чин, ја одредија за подолго време судбината на Реквиемот.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
- Имам претпазливост, повеќе би рекол. - Имате страв, можеби ... или скепса во коректноста на намерата.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Одлучи дека е потребно да постапува достоинствено а на работите да им приоѓа без непотребна скепса.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)