скастри св.

скастри (св.)

Преголемите ги скастрив па станаа таман. Мало гумиче, ама работа врши.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Скастреното мустаче на татенцето му светна, му се позлати.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но мора да си ги подсобере, оти ќе ги скастриме...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Со еден чифт ножици, со долги рачки, Кети ја скастри медуниката до самиот корен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)