скап (прид.)
Испотени, мртовецот го носат; и во тремот го внесоа тој товар скап, а луѓето се собрале крај мртвиот и немо приковале свој поглед тап.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Та и сами знаете: в прашина, мртви, десетмина јунаци лежат што смртта ги смами. скапи за земјава жртви!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Интересите на целината треба да се еднакво скапи за сите членови што ја составуваат: од неа треба да имаат сите еднакви згоди и во нејзина полза сите треба да прават еднакви жртви.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А Локвата денес со бранови крилни, што стопани свои ве најпосле виде, та не може никој да ве скорне, силни, за вашата смелост скап спомен ќе биде!
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Прими го писмово мое со татковска наклоност и проштавај што се осудува слугата твој да ти го нарушува мирот и да ти го одзема скапото време.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Пред портата борбата не траеше малку. Аскерот се собра десет на еден бунтовник, та макар со скапи жртви, за неполни дваесет триесет минути веќе секој бунтовник имаше врз себе десет и петнаесет војници.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Дваесет и две години Бојана ги гледаше тие букви што не ги разбираше, но, гледајќи ги, чувствуваше дека ги напишала рака толку скапа за неа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не беше ни скап, ни евтин - средна рака. И двајцата беа задоволни.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Жените, децата и старите, тие што не можеа да одат на печалба, стоеја наоколу како скаменети, без да прозборат збор и секој гледаше, го впиваше погледот во својот скап човек, кој, по малку време, ќе ги остави, можеби, засекогаш!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ги привлекува витките, јадрооки девојки со скапи подароци: ѓердани, позлатени гривни, свила и чоја и така лесно, како пеперуги во оган паѓаат во неговата шепа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Залудно се мачиш со твоите сомневања. - Ох, мили, скап мој, како да го пронајдам оној збор што ќе го изрази она чувствување на жената како мене, слезена вака ниско.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се присетуваше за скапи и мили нешта и тоа го разнежнуваше и го возбудуваше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
7. ДА СЕ СНЕВИДЕ КАКО ПРАВ НА ТАПАН - ко искра на вода, ко капка на припек, така и пијаниот живеачката скапа ја колни до грло кога ќе му скипе...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
И затоа во Египет медот бил многу ценет и скап.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Салата беше преполна иако влезниците беа прилично скапи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Портирот не праша од каде сте, не се интересира за пасошот, важно е прво да ве смести во хотелската соба, да ви ги покаже леглата: чистиот чаршав, јорган и перница, да наплати кога ќе си одите и дури да ве почести со едно убаво турско кафе за „алашверишот“ Хотелите во Истанбул се и скапи и евтини.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Денес, добри мои, фалбаџиите се фалат со убав, скап автомобил, со скапи јадења со неразбирливи имиња, со лет преку океанот, со клавирот што им го купиле за роденден, со најнов тип на „сеико“ часовник, со супер скијачка опрема, со купувања во Солун, Трст, Париз, Лондон...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Едно цело огниште ми скапа, ќе се туфкаш, ќе се поплакуваш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Да пукнеш од смеење. „Ќе треба да прајме полимос за да петихоме скапото“ 1.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Одвнатре скапа крушата, кардаш, та падна а не што ја чукале вие. Иако мававте, признавам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)