скапија (ж.)
Обично кога си иде човек од пазар го запираат луѓето и го заговаруваат да им каже што ги интересира: како поминал на пазарот, како го продал имањето ако терал, скапија – евтинија...
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кај нас е голема скапија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
По нивниот сјај, местоположба, големина и движење, дознаваше и претскажуваше: идење на болести, чари, скапии, невремиња, глад, војни.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Демек, оттогаш кинисала скапијата и дека врз таквите призори од минатото се издигаат новите светски кризи и неизвесната иднина.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)