скаменет прид.
скаменетост ж.

скаменет (прид.)

Пајакот уште е скаменет во својата мрежа но на сивиот ѕид ја нема трепетливата сенка на пеперугата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ледено спокојство. Езерска шир. Тишина. Скаменет мир.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Онака, бел од брашно, изгледаше дека одамна така стои и самиот скаменет во оваа дива, немила природа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога признавам со скаменета рамнодушност дека не можам без една од двете Марии?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Одеше несигурно. Под она скаменето стебло, исправено како стражар над рекичката, го стаса детето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Застана крај отворениот прозорец и се загледа со влажен и набожен поглед во ноќта: куќните покриви беа подвиткани `рбети на џиновски мачки, скаменети во своето вечно демнење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Неколку мига тој остана скаменет и без збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веле стоеше нем и скаменет не можејќи ни да се помрдне, ни да отвори уста и да каже нешто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Христов се скаменува на местото и одеднаш така скаменет почнува да говори, да говори гласно и со подигнат глас, да го чуе Луков.) Освен, освен тоа, ние мораме да бидеме горди, горди што нè одбрале баш нас и нашиов дом за една таква историска, историческа, задача и...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ХРИСТОВ: (Стои изгубен, скаменет на местото и само повторува:) Да, да, да...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ХРИСТОВ: (Стои сѐ уште скаменет. Потоа, го крева, за првпат откако е влезен, погледот и се обидува да рече нешто.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Денес ќе се гриземе, ѝ зборуваше во себе, онака заздишан и безгласен, на сета таа глува скаменета шума околу себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше една таква темничина, што се чинеше дека може и да биде гризната, а тие беа скаменети и заслушани но морничавите писоци, што настасуваа од сите страни, што ги обиколуваа со еден стеснет круг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остана скаменет. Не можеше да мрдне ни со прстот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Попладнето ме облекоа во нова облека и ме зедоа за рака за да седнам до неа. Ѝ стоев над главата нем и скаменет.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Главата ја држеше сведната и скаменета.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но Славчо и натаму молчеше нем и скаменет.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Попусто ноќта скаменета за смена денот го чека...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Димче застана како скаменет. „Што значи ова? Дали мојата волшебна моќ важи само за лоши работи?“ - се прашуваше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ноќ и ден и години долго млечни дождои ќе бидат И во сончеви порти кога ќе влезе Андромеда Урна и дрво како скаменети близнаци ќе види.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Повеќе