скалпел м.

скалпел (м.)

„За мојата лекарска магија, за два танца на остриот скалпел.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа ќе дојдат со замисленост на лажни лингвисти да ме изнесат покриен со чаршаф а од просектурата, играјќи си со секакви ножици, пилички и скалпери, ќе соопштат дека се случило без нивна вина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш со непозната болка разбира дека неговиот скалпел светкал над женското тело. таа-гола, студена, акако секогаш само со ноздрите насмеана!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во таква есен мирисот на болницата е многу посилен, скалпелот посигурен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еј, Никола, се сети. Извади ми го својот скалпел срцево, инаку ќе умрам до крај чесен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Потоа ќе дојдат со замисленост на лажни лингвисти да ме изнесат покриен со чаршаф а од просектурата, играјќи си со секакви ножици, пилички и скалпети, ќе соопштат дека се случило без нивна вина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Обесен за стапалата, додека скалпелот му минуваше преку грлото, а уште еден низ градите; неговиот труп в час беше испразнет од утробата и поставен на маса под улицата, во скриената келија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Десет острици скокнаа од своите лежишта под ноктите, а секоја беше тенок двоен скалпел од бледосин челик.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Докторката вели: - Ова е операционата маса. Ова е скалпел. Ова е вашиот јачмен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Некои чекаа завој и чист алкохол, некои сируп и инјекција, некои нож или скалпел, некои загипсирана шипка...
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Се послужиле со скалпел место со ремен или камшик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ременот е најдобрата алатка за разрешувањето на таквите случаи - реков - но за точката во циркузот скалпелот бил многу поатрактивен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)