ситница ж.

ситница (ж.)

Најголемата жртва за нив ѝ се чинеше незначителна, ситница...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Белите лица на браќата, до ситница познати, се менеа, стануваа човечни: немаа ни толку долги, ни толку бели носови како што мислеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еден збор, еден поглед, најмала ситница можат понекогаш да предизвикаат бура во нашата душа!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ситница е ова, другар мој. Само едно мало нуркање понадолу.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Имаше шест сомуни од добриот леб, малку препечени и добро затворени во корките, како ореи, нив ги смести од едната страна на сандакот, во кој секогаш кога беа тука, ја чуваа храната, а по ова таму ги сместуваше и другите ситници што му ги имаше ставено во торбата Мара.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега можеше и да се радува што ќе биде неколку недели надвор од оној до ситници раздробен и познат ден во селото, кога сеќаваш како секој поглед, секој збор, оди против тоа да те препознае и да те признае, те пренебрегнува, те премолчува, те принудува на една спарушеност, на една изветвеност од честите среќавања, од долгото гледање и од долгото познавање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше и ти да го откриеш еднаш она, што некои веќе одамна го знаеа, кога ги најде во тие соби и со оние ситници, што беа задружни, и кои, којзнае како, ти ги снемуваше една по друга од пред очите, без да го заушуваш тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така таа низ маглата може да си го гледа сонцето, низ зимата да го доживува летото, низ ситници да согледува големи нешта, преку злото да го согледува доброто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ако пак сте решиле, на пример, во Мичурин да купите леб, млеко, слатки или сладолед, или која било друга ситница, осудени сте да чекате на ред пред магазините и дуќаните.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ е изградено, сега само дотеруваат некои ситници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Подоцна, читајќи книги со шарени цртежи за прекуокеанските освојувања постепено почнав да сваќам дека најуспешен почетен чекор на освојувачите бил што ги збуниле домородците со необичните ситници (повторно, чудесното огледало).
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сигурно не знаевме дека ќе нѐ носат во дом, под покрив, во кревет, дека ќе ни дадат топло кафе со џем и парче леб, дека тоа го прават за наше добро, за да нè згрижат и сите тие смрдливи работи што до ситница се предвидени со домскиот ред.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Оливера Срезоска сето тоа до ситница го имаше обмислено.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но штом ќе им згусти и за најмала ситница, кому ќе му се поплачат?“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Затоа ајде да не го следиме мнозинството на теоретичари и да не бидеме фобични на подробности и ситници: наместо тоа, да го свртиме нашето внимание кон еден посебен проблем: егзибиционизам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За било што, за најмала ситница, подвикнуваше и се расправаше: гласот ѝ беше писклив, крикав како на птица грабливка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И најмала ситница може да те издаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Хелвиг, вистински Германец. Знаеше што е потребно за по пат. Не беше пропуштена ни една ситница.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Секогаш кога ги метев скалите на Куртиш ага верував дека нешто ќе пронајдам, некоја ситница, нешто необично.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам оти секој од нас носи во себе такви важни и неважни ситници што никогаш никому не ќе му ги довери.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе