сиромаштво (ср.)
„Да. И нешто повеќе. Вашите закони и вашиот поредок ја држат Македонија во мрак и сиромаштво“.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Како последица на тоа имаме слаба жетва, слаба берба, имаме намалено производство и - сиромаштво!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Неспособноста да се објасни начинот на кој ќе се ограничи потрошувачката, посебно загрижува поради фактот дека поголемата потрошувачка речиси сигурно би го влошила општественото раслојување што го следи проблемот на наркоманијата и би довела до нејзина концентрација меѓу сиромашните или оние што се на самиот раб од сиромаштвото.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Би бил упатен кон вистинската, физичка, материјална реалност - раѓањето, смртта, болеста, болката - и кон вистинските општествени реалности - сиромаштвото и бедата - а во изопачувањата внатре мозокот би можел да ги откријам изопачувањата во умот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Уметникот не му ги собул веројатно затоа, што во нив сакаше да ја сочува големата симболика на неговото надворешно и внатрешно сиромаштво што заедно со ненаситната лакомост го одведе кон големото одродништво.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)