синдикат м.

синдикат (м.)

Тоа го бараат твоите другари во Синдикатот.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Типот на конфликти со кои мнозината беа соочени во 19-иот век водеше во создавање на масовни политички партии, масовни синдикати итн.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Првата вест е за синоќешниот голем протестен митинг на синдикатите на Македонија... место на настанот... плоштадот... во срцето на Скопје... на снимката од синоќа многу луѓе викаат, меѓу нив и новинарката преминот од колор-стварноста во црно-белиот филм се случува кога новинарката, привршувајќи го својот гласен прилог, е поклопена од уште посилниот глас на еден од демонстрантите: Уа владааа!...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Колку да нема забуна, тој е истиот кој сега има биста пред Синдикатот во Битола, а под неа букет свежо цвеќе во пластична чаша од Скопско.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Синдикат: Самоуправен социјалистички орган задолжен за новогодишни пакетчиња, тегли со краставички и свински полутки (овие последниве понекогаш ги даваа цели, абе златен комунизам)
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Прирачник за безбедност и заштита при работа“, Сојуз на синдикатите на Македонија, Скопје, 2008. 11
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од ова станува јасно дека за основање на синдикат на ниво на работодавач веќе не е задолжително негов упис во регистарот на МТСП, туку само во Централниот регистар; б) се воведоа и изречни одредби во поглед на имотот на синдикатот и на здружението на работодавачите, кој се стекнува по пат на прибирање уписнина и членарина, потоа со купување, подарок или на друг законски начин – без какво било претходно одобрение.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
•  второ, одредбата која предвидуваше дека работодавецот е должен да ги извести работниците, на кои ќе им престане работниот однос поради деловни причини, еден месец претходно – во случаи на поединечен престанок на работен однос, или во случај на престанок на помал број работници; а три месеци претходно – во случај на престанок на работниот однос на повеќе од 150 работници, или на најмалку 5% од вкупниот број вработени во претпријатието (чл. 136, ЗРО/03 – Пречистен текст) – беше променета на следниов крут начин: „Работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред донесувањето на одлука за престанок на работен однос на поголем број работници од деловни причини е должен, за причините на престанувањето на потребите од работата на работниците, за предвидениот број и категоријата на вишокот на работници и за предвидениот рок во кој ќе престане потребата од работата на работниците – да го извести репрезентативниот синдикат кај работодавачот, а ако нема таков тогаш претставникот на работниците, и да се советува со нив за можните начини за спречување и ограничување на бројот на отказите и за можните мерки за спречување и ублажување на штетните последици“ (чл. 95, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Битно е да се истакне дека Ѓорѓиевски активно учествува во работата на синдикатот и е член на штрајкувачкиот одбор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ѓорѓиевски е член на синдикатот, а како што ќе ви- диме подолу, тој е и активен учесник во синдикалните активности.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој денес не е член на ниту еден синдикат, но своето искуство го пренесува на другите свои колеги и познаници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Книги со убава, тврда подврска што одговара на мебелот, додуша купувани преку синдикат на 12 рати.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со истата измена е направено и дополнување во истиот член при што е предвидено дека дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му биде изречена на правно лице доколку не ги информира вработените, претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа за секој ризик на работното место како и за безбедносните мерки за елиминирање на штетните последици.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А таа клима нема да падне од небо, туку ќе се создаде со јакнење на автентичното и здраво работничко движење, организирано во силни грански синдикати кои со својата масовност и организираност ќе можат во било кој момент да поведат класна офанзива преку традиционалните методи на борба: штрајкови, окупација на работно место, протест.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Секое мало зголемување на работничите права најчесто катарзично се најавува од страна на Самостојниот синдикат на Македонија (ССМ) како репрезентативен синдикат, кој најчесто останува нем кога следат драстични кастрења на истите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)