симбиоза (ж.)
Куќата претставува предлог за речиси незамислива симбиоза меѓу станбена зграда и природна околина.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Длабинската екологија им се спротивставува на таквите погледи, бидејќи од нејзината перспектива мораме потполно да се одрекнеме од антропоцентризмот за да креираме форма на општество која ќе биде втемелена врз симбиозата меѓу природата и човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Кулик така е заговорник на нова агрокултурна револуција, која ќе донесе нова симбиоза помеѓу човекот и животното; тој сака да ја ограничи човечката популација на третина од сегашниот број за да се воспостави нова рамнотежа во биосферата; но, посебно, тој сака да ги поттикне истражувањата на психологијата на животните кои би резултирале со нов дијалог меѓу животните и човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Длабинската екологија главната причина за недостатокот од симбиоза меѓу луѓето и животните ја гледа во поимот на картузијанскиот субјект.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Да ги напишал своите раскази само врз основа на сопственото искуство - без увид во оние раскажувачки тенденции кои се вообличија во текот на целата втора половина на ХХ век - не ќе можел да ја фати онаа развојна нишка во наративното опитство чија среќа симбиоза во неговото раскажување ќе стане толку очигледна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Таму каде што таа симбиоза може да се насети како далечно претчувство, таа не произлегува од формалната проткаеност на наративното со поетско и обратно, туку токму од непомирливата различност на тие два прозно-поетски света кои помеѓу себе разменуваат тајни знаци.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но, тоа не е ништо. Овде се живее у еден нов облик на симбиоза каде мажите „као нешто“ работат, а жените секое сабајле се собираат у групи од по десетина комада, сркаат турско и „редат“ за Македонија.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Аврам стана мисла, стана утеха, стана помирување. Во совршена симбиоза со нераспаѓањето.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Звукот, кој наликуваше на болно откорнување на некое тело во совршена симбиоза сраснато со некое друго, го уверуваше дека зад овој предел, макар да е само овде, се крие божјиот допир кој спојува и разединува, кој создава и уништува.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Зборот „некогаш“ е надеж дека пак ќе ја сретнеме загубената љубов, со истиот жар што сите го носиме, пламенот на љубовта кој секогаш во нас гори во симбиозата на вечната опачина на болката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Преку кохезијата на мислите и чувствата се обидов да ја доловам тривијалната симбиоза на ироничноста, моментите кои не ги проживеавме, мислите кои ќе останат вечно заробени во матриците на просечниот ум и чувствата кои никогаш нема да ја пронајдат својата совршена форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)