сечка (несв.)
„А јас ти реков дека сечкам лозови прачки за потпалок.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Салатата беше аранжирана како во ресторан - ситно сечкан кромид одоздола, купче зелени маслинки одозгора и тркалца лимон наоколу - окото да ти се засити пред јазикот да ти протече.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Почнав да љупам патлиџан и над Шприцот да ја сецкам краставицата за шопска. Нешо се слави, а појма неам шо.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
На сета исцрпеност од мачењето што трае со часови во предродилната сала, каде освен блискиот „дејт“ со сопствените маки, сведок сте, сакале или не, и на малтретирањето на сите што решиле токму денес да слават роденден во следните години, да сечкаат за „руска“ и „француска“, да месат кифли од киснато и лиснато тесто и да матат жолчки и белки за Васина и Реформ торта.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Деноноќијата на полициските сирени го сечкаат времето, ги потскратуваат долгите сонови.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)